Дома Македонски спорт Мак ракомет Пораз на Е.Пелистер на гости кај Тримо Требње

Пораз на Е.Пелистер на гости кај Тримо Требње

Пред натпреварот со Требње тренерот на Е.Пелистер порача дека не постојат фаворити во Европската лига и таквата негова изјава стана реалност вечерва, битолчани се враќаат со пораз од 28:24.

Кај Требње денес фантастичен беше голманот Александар Томиќ кој собра 16 одбрани, 11 беа во првото полувреме. Треба да се истакне дека голем број од тие одбрани беа зицери кои требаше да бидат голови.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Еурофарм Пелистер се мачеше, но никако не успеваше да направи пресврт. Единствениот момент во кој македонскиот претставник водеше беше 5:4 во 16. минута од мечот. Првото полувреме заврши со 14:12 и во второто постоеше надеж за пресврт.

Сепак, на крајот недостасуваше креација и идеја во нападот па Требње ја однесе победата.

Фото: РК Е.Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Димитриевски херој за Валенсија: Одбрани пенал во 119. минута! (ВИДЕО)

Екипата на Валенсија со голем мака избори пласман понатаму, совладувајќи го второлигашот К…