Репрезентацијата на Македонија вечерва претрпе пораз од Полска и на тој начин скоро и да ги изгубивме шансите за пласман на ЕП преку квалификаците.
Полска вечерва не прикажа некоја посебна игра, меѓутоа трпеливо ги чекаа своите шанси од кои две искористија.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Во првите 45 минути Зјелински ја погоди пречката од нашиот гол, а нашата најголема закана беше преку слободниот удар на Алиоски.
Слична игра гледавме и во второто полувреме.
Полска искористи две шанси, прво преку Франковски во 74-тата, а шест минути подоцна нашата мрежа ја затресе и Аркадиуш Милик.
Sur le but, superbe transversale de Krychowiak pour Lewandowski qui fait un boulot incroyable et Frankowski vient conclure #POLMKD pic.twitter.com/yuHoT1nXGj
Co zrobił #Milik ⚽️?? 2:0 #POLMAC pic.twitter.com/v7EuKOIkfM
— AleksandraKalinowska (@Ola_Kalinowska) October 13, 2019
После овој пораз теоретски шанси постојат, но изгледа тешко. Австрија која вечерва ја победи Словенија сега има пет бода повеќе од нас и освен што е потребно ние да ги победиме Австријците на гости во следоното коло, треба и Летонија да ја победи Австрија или да одигра барем нерешено. Но за да ни одговара реми на Летонија и Австрија потребно ни е да ја совладаме Австрија со поголема разлика од онаа со која тие не победија во Скопје (1:4).
Ќе потсетиме Македонија шанса за пласман на ЕП има и преку Лигата на Нации каде што не очекува полуфинале од нашата лига против Косово.