Дома Македонски спорт Порази на нашите боксери во квалификациите на „Белградски победник 2019“

Порази на нашите боксери во квалификациите на „Белградски победник 2019“

0

Јасин Љама и Гоце Јанески се поразени на првиот натпреварувачки ден на меѓународниот боксерски турнир „Белградски победник 2019“ во Србија.

Во категоријата до 60 кг, Јасин Љама загуби на поени од турскиот боксер Хакан Доган. Љама одлично се бореше, беше рамноправен, но пресуди искуството на репрезентативецот на Турција. Вториот наш претставник , Гоце Јанески, во категоријата до 69 кг, загуби од Јарслав Самофалов од Украина со прекин односно технички нокаут пред крајот на првата рунда.

Денеска настапува Арсим Етеми во категоријата до 75 кг, за противник го има Ван Дер Пас-Макс од Холандија.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар со специјален дрес во Келн (фото)

Ракометарите на Вардар со нови дресови ќе настапат на завршниот „Фајнал фор“ турнир во Кел…