Дома Фудбал Италија Поразителни бројки: Милан за пет години изгубил 413 милиони евра

Поразителни бројки: Милан за пет години изгубил 413 милиони евра

0

Секој клуб кога-тогаш во својата историја поминал низ лош период, сега се уште не е познато дали славниот европски гиганти конечно ќе излезе од тој лош период.

Милан кој во 90-тите години беше страв и трепет на Стариот континент никако не успева да излезе од кризата.

Во последните години „росонерите“ неколку пати ја променија сопственичката структура, но пласманот во Лигата на шампиони не беше изборен ниту оваа година.

Еден од најпопуларните италијански клубови ова лето ќе има мизерен буџет за трансфер, ако се спореди со сумите кои се вратат во денешниот фудбал.

Првобитно било одлучено буџетот за нови играчи да изнесува 25 милиони евра, но Американците одлучиле на тој износ да додадат 15 милиони.
Милан не може да троши премногу пари поради финансискиот фер-пелј и неучеството во Лигата на шампионите.

Кого Милан може како европски гигант да доведе со буџет како што имаат второлигашите во Премиер лигата? Навистина е тешко е да се даде тој одговор…Единствено решение за зголемување на буџетот е продавање на некои од поважните играчи.

Овој слаб буџет на Милан може да се поврзе и со анализата која денес ја објави „Кориере дело Спорт“ и во која се заклучува дека во последните пет години овој клуб изгубил дури 413 милиони евра.

Милан во последните три години промени три сопственици, а голем удар претрпе во неодамна завршената сезона во која не ја оствари главната цел – пласманот во

Лигата на шампионите. Милан минатото лето инвестираше 190 милиони евра само на засилувања и тоа после сезоната 2016/2017 која ја завршија со минус од 126 милиони евра.

Се додава и дека Милан до крајот на месецот ќе биде во минус од 100 милиони евра во оваа финансиска година. На сето тоа може да дојде и казната од УЕФА за кршење на финансискиот фер-плеј.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уругвај – Еквадор: Суарез и дружината ја започнуваат борбата за престижниот трофеј

Во Минеирао доцна во ноќта помеѓу недела и понеделник играат Уругвај – Еквадор. Копа Амери…