Дома Шпанија Поради ситуацијата во Каталонија: се одложува средбата Жирона – Реал Мадрид?

Поради ситуацијата во Каталонија: се одложува средбата Жирона – Реал Мадрид?

Натпреварот од Примера помеѓу Жирона и Реал Мадрид, кој е предвиден за в недела, најверојатно нема да се одигра и истиот ќе биде одложен, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Парламентот на Барселона, која како покраина сака да прогласи независност од Шпанија е главниот проблем за одложување на оваа средба, пред се поради безбедносни причини, затоа што Жирона е дел од Каталонија.

И покрај ваквите натписи во дел од медиумите, од двата табори истакнуваат дека не размислуваат на такво нешто, туку се концентрираат на мечот кој е закажан за недела.

„Сигурен сум дека обезбедувањето ќе биде на крајно високо ниво и нема потреба да бидеме загрижени. Мора да мислиме на фудбал и на ништо друго. Ова е важен натпревар за нас“, изјави Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Шпанија

Проверете

Светското првенство ќе ја одреди иднината на Винисиус!?

Преговорите за нов договор на Винисиус Жуниор траат со месеци, а шпанските медиуми пишуваа…