Дома Фудбал Италија Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Поради Роналдо играчите на Јувентус бараат поголеми плати?

Кристијано Роналдо минатата година пристигна во Јувентус и од тогаш многу работи се променија во Торино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се промени и ставот на останатите играчи спрема платата која ја добиваат од Старата дама.

Калчомеркато пишува дека барањата од играчите на Јувентус околу примањата се зголемиле од доаѓањето на Роналдо, а јасен показател за таквата ситуација е случајот со Бонучи.

Искусниот дефанзивец потпиша нов договор со Јувентус, со кој му се гарантираа драстично поголеми примања.

Така, 32-годишниот дефанзивец наместо 5,5 ќе заработува 7,5 милиони по сезона.

Се очекува наскоро по неговите стапки да тргнат и уште неколку играчи на Јуве.

Инаку, Кристијано Роналдо од Јувентус годишно добива повеќе од 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гвардиол пред трансфер на животот!

Јошко Гвардиол би можел да го направи трансферот на неговата кариера. Реал Мадрид го посак…