Дома Фудбал Германија Поради проблемите со срцето Алфонсо Дејвис ќе паузира најмалку три месеци

Поради проблемите со срцето Алфонсо Дејвис ќе паузира најмалку три месеци

На фудбалерот на Баерн, Алфонсо Дејвис неодамна му беа откриени срцеви проблеми, а сега за неговиот случај зборуваше кардиологот од Минхен, Флоријан Штраубе.

Според неговите зборови, Баерн без Дејвис ќе биде најмалку три месеци.

„Ако миокардисот е привремено поврзан со акутна коронарна инфекција најверојатно ќе биде потребно пауза од најмалку три месеци. Ако има мало подобрување со лесни тренинзи може да започна еден месец порано. Важно е постепено да влегува во форма после ваква пауза“, изјави Штраубе.

Ќе потсетиме, Дејвис прво беше заразен со коронавирусот, а потоа му се појавија овие проблеми. Неговото отсуство сигурно ќе биде проблем затоа што Баерн го чекаат тешки битки во Лигата на шампионите, но и Бундеслигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Херојот на Рома од финалето во Конференциската лига ја „украде“ веспата на Мурињо 🎥

Николо Заниоло стана херој на Рома, откако постигна гол во финалето против Феенорд во Конф…