Дома Фудбал Понуда која не се одбива: Мата на маса има животен договор

Понуда која не се одбива: Мата на маса има животен договор

Шпанскиот играч Хуан Мата може да го напушти Манчестер Јунајтед.

На неговата адреса пристигнала богата понуда од Саудиска Арабија со која ќе заработува 16 милиони евра по сезона.

Мата со своите 32 години, како и многумина играчи во поново време, може да го напушти европскиот фудбал и да замине далеку со цел да заработи дополнително неколку милиони плус на својата сметка.

Неговиот татко, воедно и негов агент, верува дека Манчестер Јунајтед ќе го ослободи откако договорот му е продолжен за уште една година.

Мата на Олд Трафорд пристигна во 2014. година и е еден од најомилените играчи на навивачите на Црвените ѓаволи, но со доаѓањето на некои други ѕвезди падна во втор план. Оваа сезона се уште нема деби во Премиер лигата, играше само во Карабао купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…