Дома Фудбал Понудата пристигна – Ќе го видиме ли „Моцарт“ повторно на теренот?

Понудата пристигна – Ќе го видиме ли „Моцарт“ повторно на теренот?

Што ќе каже „Моцарт“?

Андреа Пирло оваа година ги „закачи копачките на клин“, но би можел да заигра барем уште еднаш.

Италијанецот минатиот месец ја заврши кариерата по истекот на договорот со Њујорк Сити, но сега има интересна понуда.

Наводно, еден клуб од Перу му понудил да одигра уште еден натпревар и така на најдобар можен начин да ги промовира новите дресови. Од Перу пристигна потврда дека клубот Университарио му понудил на Пирло да биде дел од традиционалниот натпревар пред стартот на сезоната.

Сумата не е објавена, но се шпекулира дека се работи за голема сума и тоа само за еден натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…