Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Полска со 90:78 во четвртфиналето на Светското првенство во Кина.
Шпанците добро влегоа во натпреварот, но Послка со неколку погодени тројки фати приклучок и првата четвртина ја добија Шпанците со 22:18.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во втората четвртина Полска успеа да стигне до 29:28, но тогаш Шпанија направи серија и брзо стигна до 38:28. Полска сепак до полувремето успеа да намали и на полувреме замина со пет поени негатива 46:41.
Продолжението донесе уште подобра игра на Шпанија која во еден момент од третата четвртина имаше и 14 поени предност, но во последната четвртина влезе со предност од 67:58.
Во последната четвртина Полска најблиску стигна на 76:72, меѓутоа на крајот натпреварот заврши со 90:78.
Шпанија беше предводена од Рики Рубио со 19 поени и Вили Хернангомез со 18 поени, Руди Фернандез додаде 16.
Кај Полска Слаугтер беше најефикасен со 19 поени и Адам Вајзински додаде 15.