Дома Фудбал Останато Полска одбива да игра против Русија во баражот

Полска одбива да игра против Русија во баражот

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Цезар Кулеша, објави дека репрезентацијата нема да игра бараж за Светското првенство против Русија, откако Русите извршија агресија против Украина.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во рамките на дополнителните квалификации за СП 2022 година, Полјаците требаше да гостуваат во Москва на 24 март.

„Доста зборови, време е за акција. Поради ескалацијата на насилството на Русија врз Украина, репрезентацијата на Полска нема да игра против Русија. Тоа е единствената правилна одлука“, изјави Кулеша.

Полјаците ќе го претстават својот став пред ФИФА заедно со Шведска и Чешка, кои исто така треба да играат доквалификации со победникот меѓу Полска и Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакл во Лос Анџелес: Најдобриот меч на Светското првенство, Нов Зеланд во трилер освои бод против Иран (Видео)

Лудница во Лос Анџелес! Малкумина очекуваа дека дуелот помеѓу Иран и Нов Зеланд ќе донесе …