Дома Фудбал Покетино: Финалето го одлучи сомнителниот пенал

Покетино: Финалето го одлучи сомнителниот пенал

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино смета дека клучен момент за поразот на неговиот тим во финалето на Лигата на шампионите бил пеналот досуден за Ливерпул.

Покетино на пресконференција веднаш после мечот досудениот пенал го нарече „сомнителен“ и тврди дека тој момент го одлучил победникот.

„Цел свет виде што се случи. Каков било план што сме го увежбале последнивте три недели отпадна по пеналот во 20-та секунда. Никој не го очекуваше тоа, а последицата беше многу негативна за играчите, изјави аргентинскиот стратег.

Маурисио го коментираше и пеналот, велејќи дека не знае дали тоа беше пенал, дека неговиот играч не одел кон топката со рака и дека тоа е одлука на судијата, која ја нарече „несреќана“ која е тешко да се прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Евертон по реакција кај шампионот: Тарковски бара одговор на „Емирати“

По првиот сезонски пораз во Премиер лигата, Евертон му гостува на Арсенал. Тарковски верув…