Дома Фудбал Покетино: Финалето во Париз е дополнителна мотивација за нас

Покетино: Финалето во Париз е дополнителна мотивација за нас

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино го кажа своето мислење за преместувањето на финалето во ЛШ од Санкт Петербург од Париз.

УЕФА денес одлучи финалето оваа година во Лигата на шампиони да се одигра во Париз, поради руската офанзива над Украина.

„За нас ова е дополнителна мотивација. ПСЖ веќе игра во финалето од ЛШ, што е неверојатно. Треба да работиме напорно за да го одиграме тој меч. Парижаните ќе се радуваат да го видат ПСЖ во финалето. Сепак, чуството да се игра финале е исто во било кој град“, изјави Покетино.

ПСЖ го победи Реал Мадрид со 1:0 во првиот осминафинален натпревар од ЛШ, а реваншот е во Мадрид на 9 март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…