Дома Фудбал Покетино повторно ја објасни замената на Меси

Покетино повторно ја објасни замената на Меси

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино уште еднаш ја објасни причината зошто го заменил Меси на дуелот со Лион.

Покетино одлучи да го извади од игра Меси во 76-та минута, но Аргентинецот се налути и не се поздрави со тренерот.

Таа реакција крена голема прашина во медиумите, а Покетино објасни дека го извадил од игра бидејќи добил удар во левото колено.

„Клубот веќе објави за повредата на Меси, па сега се е јасно. Забележав дека тој го гледа коленото, а потоа доби удар во истото колено, па решив да го извадам од игра“.

„Задоволни сме од начинот на кој играше, му недостигаше само гол. Сите големи шампиони сакаат постојано да бидат на терен, па ја разбирам неговата реакција“, објасни Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Две асистенции и исклучување: Несторовски во центарот на пресвртот во Вараждин

Славен Белупо победи со 2:1 на гостувањето кај Вараждин, а Илија Несторовски ги подготви д…