Дома Фудбал Покетино: Мбапе има проблем со глуждовите

Покетино: Мбапе има проблем со глуждовите

Напаѓалот на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе се здобил со повреда за време на синоќешниот дуел со Бриж во Лигата на шампиони.

Мбапе го напушти теренот во 51-та минута со болки во глуждот, а Покетино потврди дека се работи за повреда.

„Килијан има повреда на десниот глужд. Претходно имаше проблем и со левиот глужд. Ќе оди на дополнителни прегледи и ќе знаеме колку ќе отсуствува“, изјави Покетино.

Ѕвездениот тим  на ПСЖ синоќа одигра само 1:1  на гостувањето кај Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси прв во англиската трка за Бастони – Интер бара околу 70 милиони фунти

Бастони е на радарот на Челси за 2027 година, а Интер сака да му го продолжи договорот. Ли…