Дома Фудбал Покетино и Сон најдобри за април во Премиер лигата

Покетино и Сон најдобри за април во Премиер лигата

Наградите за најдобар играч и менаџер во Премиер лигата за април им припаднаа на дуото од Тотенхем – Сон и Покетино.

Тотенхем во април славеше на сите шест натпревари, па Сон и Покетино заслужено ги добија овие признанија.

Сепак, ова е мала утеха за менаџерот на Тотенхем кој сепак нема да успее да ја освои титулата во Премиер лигата, со оглед на тоа што Челзи на три кола пред крајот на сезоната има седум бода предност.

Тотенхем се наоѓа на второто место во Премиер лигата со 77 бода и сигурно е дека сезоната ќе ја заврши на второто место, што секако е резултат за пофалба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ковачиќ со сè помала улога во Сити, Фенербахче ја следи ситуацијата

Хрватскиот играч за врска има само три премиерлигашки настапи сезонава, а англиските медиу…