Дома Фудбал Англија Покетино експресно добива шанса на клупата на уште еден англиски гигант?

Покетино експресно добива шанса на клупата на уште еден англиски гигант?

Само еден ден откако се раздели со Челзи, Маурисио Покетино се појавува во островските медиуми како главен кандидат за функцијата нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

Како што пренесува „Сан“, Аргентинецот нема долго да чека на нова работа и големи се шансите наскоро да го преземе Јунајтед.


Германија гази и најавува битка за титула! ↓↓↓


Одлуката е на раководството на тимот од „Олд Трафорд“ и на новиот косопственик Џим Ретклиф, кои мора да одлучат дали Ерик тен Хаг ќе остане на клупата и во следната сезона.

Јунајтед во сабота игра во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Сити и по тој натпревар треба да се донесе одлуката.

Покрај Покетино, како можни кандидати за менаџерската позиција на Манчестер Јунајтед се споменуваат и Томас Тухел, Киран Мекена, Герет Саутгејт, Греам Потер и Роберто де Зерби.

Да потсетиме, Покетино покрај Челзи го водеше и тимот на Тотенхем во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Реал Мадрид немаат дилеми кој ќе биде капитен по Начо

Шпанскиот фудбалер Начо Фернандез вчера прифатил двегодишна соработка од Ал Кадсија и таму…