Дома Фудбал Англија Покетино добива 50 милиони за трансфери – ова се метите!

Покетино добива 50 милиони за трансфери – ова се метите!

0

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино ќе добие 50 милиони фунти за зимски засилувања, пренесуваат англиските медиуми.

„Спарси“ не доведоа ниту еден нов играч во летниот преоден рок, но сега ќе го „одврзат кесето“ за да го засилат тимот за остатокот од сезоната.

На Тотенхем му се потребни засилувања особено после повредите на Хари Кејн и Муса Сисоко, па токму тие делови од тимот се приоритет за Покетино. Голгетерот ќе отсуствува од терените до почетокот на март, додека во средниот ред „спарси“ останаа и без Муса Дембеле.

Покетино сака да донесе еден напаѓач и еден играч за врска во зимскиот преоден рок, а главна цел е играчот на Барселона, Малком за кого клубовите веќе ги започнаа преговорите.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јаховиќ направи глупост и заработи црвен картон против Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор Адис Јаховиќ направи несфатлив потег во натпр…