Дома Фудбал Останато Покетино ги насмеа сите: САД ќе биде светски шампион во 2026 година

Покетино ги насмеа сите: САД ќе биде светски шампион во 2026 година

Маурицио Покетино неодамна седна на кормилото на САД, а сега даде изјава која изненади многумина во светот на фудбалот.

Покетино потпиша договор до 31 јули 2026 година, односно до крајот на следното Светско првенство.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Сега изненади многумина со изјавата дека САД по негово водство на СП 2026 ќе ја нападнат светската титула.

„Мора да веруваме дека може да триумфираме, дека ќе го освоиме Светското првенство. Сакаме играчите да излезат на терен од првиот дел со големи амбиции. За мене вербата е најмоќното оружје. Можеш да имаш талент, но мораш да веруваш и дека се е можно. Само така можеме да дојдеме до целта. Многумина мислат дека немаме време за такво нешто, но јас мислам дека е можно“,изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нагелсман тврди: Германија ќе биде светски шампион во 2026 година

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман рече дека неговиот план за идното Светско првен…