Реал Мадрид не игра на највисоко ниво во Лигата на шампионите, но затоа во Ла Лига го држи врвот на табелата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Кралевите“ во осмото коло ја победија Хуеска со 4:1 и со 16 бодови повторно се лидери во Ла Лига.
Зинедин Зидан денес одлучи малку да ротира, а резултатот му помогна да одмори некои играчи. До 40. минута Хуеска успеваше да се одбрани, но тогаш Азар со еден одличен гол од 20-тина метри го отвори резултатот. Само пет минути подоцна Бензема зголеми на 2:0.
Прашањето на победникот беше решено на стартот на вториот дел кога Валверде постигна гол за 3:0. Хуеска преку Фереира успеа да постигне почесен гол, додека Бензема со вториот гол на натпреварот ги постави конечните 4:1.