Дома Топ вести Познат шпански новинар: Мбапе се сели во Реал Мадрид

Познат шпански новинар: Мбапе се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид ќе го комплетира трансферот на Килијан Мбапе од Пари Сент Жермен ова лето, сигурен е трансфер експертот, Жосеп Педрерол.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Реал Мадрид сака да донесе голема ѕвезда за следната сезона, а изборот паднал токму на Килијан Мбапе.

Како што е познато, договорот на младиот Французин со ПСЖ истекува за една година, но фудбалерот се уште не постигнал договор за продолжување на соработката.

Педрерол тврди дека Ерлинг Халанд исто така е опција за Реал Мадрид во следниот трансфер период. Сепак, „кралевите“ тешко ќе успеат да го донесат двајцата во еден трансфер прозорец, бидејќи ќе треба да продадат неколку фудбалери, за да ги финансираат зделките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…