Дома Фудбал Познат фаворитот за наследник на Клоп

Познат фаворитот за наследник на Клоп

Ливерпул е во потрага по нов тренер, а како стана јасно дека првата цел Чаби Алонсо ќе остане во Леверкузен, „црвените“ се насочуваат кон други цели.

Сега главна мета е португалскиот стратег, Рубен Аморим, кој со одличен успех го води тимот на Спортинг Лисабон.

39-годишниот португалец ги помина сите скрининг тестови во системот што го користат на „Енфилд“ и наскоро ќе биде поканет на официјално интервју.

Менаџерот на Брајтон, Роберто Де Зерби, кој до неодамна се сметаше за прва опција доколку Ливерпул не успее да го придобие Чаби, останува на радарот на Мајкл Едвардс и Ричард Хјуз, но сепак фаворит е Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мрежите не мируваат: Лигата на шампионите урна два голгетерски рекорда!

По три кола во сезоната 2026/27 веќе се постигнати 221 гол, а просекот надминува четири по…