Денес претседателот на шпанската лига го потврди терминот на првото „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона кое ќе се одигра на 3-ти декември.
Натпреварот е одреден да се игра во попладневните часови, поточно во 16:15 часот, а тоа навивачите ќе го дочекаат како големо разочарување, бидејки термонот е непопуларен.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Парите го издиктираа овој термин со оглед на тоа дека натпреварот ќе може да се гледа во пристојно време во САД, Јужна Америка, Кина и поголемиот дел од Азија.
„Овој термин двојно ни ги зголеми приходите”, вели првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Натпреварот посебно ќе биде интересен бидејки на табелата во Шпанија е доста густо по 7 одиграни натпревари. Лидер е Атлетико Мадрид со 15, исто колку што има и Реал Мадрид, а Барселона заостанува со два бода.