Зинедин Зидан освои многу важни трофеи со Реал Мадрид во претходните сезони, па навивачите поради тоа го сакаат, иако има и дел кои бараат негова оставка по серијата лоши резултати сезонава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми почнаа да шпекулираат дека Зидан ќе добие отказ од претседателот Флорентино Перез, кој не е задоволен. Клучен ќе биде последниот дуел во ЛШ со Мехенгладбах и дали „кралевите“ ќе успеат да се пласираат во следната фаза.
Шпанските медиуми тврдат дека прв фаворит за нов менаџер е Маурисио Покетино. Аргентинецот е без ангажман и чека само повик за да пристигне во Мадрид.