Дома Фудбал Италија Познато кој ќе го замени Гатузо следната сезона?

Познато кој ќе го замени Гатузо следната сезона?

Италијанските медиуми пренесуваат дека Гатузо најверојатно ќе биде сменет на крајот на сезоната, а раководството веќе ја започнало потргата по негова замена.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


И покрај солидните партии на Милан оваа сезона се чини дека раководството не му верува на Гатузо, па бара нов тренер за следната сезона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ го сакаат Џанпјеро Гасперини кој моментално со голем успех ја води Аталанта. Милан наводно веќе остварил неформален контакт со тренерит и го припрема теренот за негово доаѓање.

Гасперини е познат како тренер кој одлично работи со младите фудбалери, а во својата кариера имаше прилика да работи за голем клуб, Интер, но неговата авантура кај „нероаѕурите“ траеше многу кратко.

Сепак, се ќе зависи од резултатите на тимот на крајот на сезоната, доколку Милан успее да избори пласман во Лигата на шампиони, тогаш Гатузо најверојатно ќе остане на кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал, Баерн, ПСЖ… Кој ќе го добие потписот на синот на Роналдо?

Младиот фудбалер кој сега настапува за Ал Наср, Кристијано Роналдо Жуниор, би можел да се …