Дома Топ вести Познато која е следната ѕвезда која ќе пристигне во Реал Мадрид

Познато која е следната ѕвезда која ќе пристигне во Реал Мадрид

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Виртц со одличните партии во Леверкузен и со настапите на ЕП се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и ова лето ги одби сите понуди за да остане во германскиот клуб.

Реал Мадрид сака да ја победи големата конкуренција и уште од сега да постигне преддоговор со Германецот за следното лето.

Виртц е примарна трансфер цел на „кралевите“, но не сакаат да дојде до наддавање со другите клубови, туку уште сега да постигнат договор со играчот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…