Дома Фудбал Италија Познато колку ќе отсуствува Хамшик од терените

Познато колку ќе отсуствува Хамшик од терените

Словачкиот фудбалер Марек Хамшик поради повреда ќе го пропути следниот натпревар за својот Наполи.

Да потсетиме, Хамшик се повреди пред два дена на натпреварот против Интер и мораше предвреме да го напушти теренот.

Очигледно дека не е во прашање тешка повреда, па италијанските медиуми пренесуваат дека ќе го пропушти само натпреварот против Болоња.

Инаку, Наполи го загуби овој натпревар со 1:0 откако прими гол во судиското продолжение. Хамшик во текот на сезоната настапи на 12 натпревари во Серија А, но се уште нема запишано гол или асистенција.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гасперини бара реакција од Рома по шокот со Реал: Време е за поправен против Џенова

Рома испушти 3:1 против Реал Мадрид и првпат сезонава беше поразена, а Џан Пјеро Гасперини…