Раководството на Манчестер Јунајтед ќе треба да исплати отштета од околу 17,5 милиони фунти на менаџерот Ерик тен Хаг доколку одлучи да го отпушти Холанѓанецот.
Интересно, оваа сума е околу половина од она што „црвените ѓаволи“ го заштедиле по отпуштањето на 250 свои вработени во обид да ги намалат непотребните трошоци.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
„Отпуштањето на Тен Хаг во јуни ќе ги чинеше Јунајтед околу 10 милиони фунти. Да го направат тоа сега, по едногодишното продолжување на договорот, ќе чини околу 17,5 милиони фунти. Ова е речиси половина од сумата што клубот ја заштеди со отпуштањето на 250 вработени“, објавија медиумите на Островот.
Манчестер Јунајтед доживеа нов понижувачки пораз во неделата, кога загуби од Тотенхем со 0-3 на домашен терен, што предизвика нов бран на шпекулации за иднината на менаџерот.
Следната недела Манчестер Јунајтед гостува кај Порто во Лига Европа и потоа игра против Астон Вила во Премиер лигата и тие два меча ќе бидат клучни за иднината на Тен Хаг.