Дома Фудбал Италија Познато колкав бонус ќе добијат фудбалерите на Милан ако го освојат Скудетото

Познато колкав бонус ќе добијат фудбалерите на Милан ако го освојат Скудетото

Во недела ќе се решава титулата во Серија А, Милан е во пол-позиција во однос на градскиот ривал Интер.

За освојување на Скудетото на Милан му е потребно само да остане непоразен на гости кај Сасуоло. Поради ваквата ситуација владее голема еуфорија помеѓу навивачите на „росонерите“, предолг е периодот од 11 години без Скудето за тим како Милан.

Италијанската „Ла Република“ објави дека во Милан им ветиле бонус на фудбалерите за освојувањето на Скудетото. Според најавите ако Милан биде шампион секој играч на тимот ќе добие околу 200.000 евра.

Мотивот секако кај фудбалерите е присутен и без финансискиот бонус кој е само нешто дополнително.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ФИФА ја олесни казната за Аргентина за инцидентите на финалето на СП

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука која претставува значително олесну…