Дома Фудбал Останато Познато кога ќе продолжи холандското дерби

Познато кога ќе продолжи холандското дерби

Холандската фудбалска федерација го одреди датумот за продолжување на прекинатиот меч меѓу Ајакс и Феенорд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот беше прекинат во неделата во 56. минута кога при водство на Феенорд од 3-0 навивачите на Ајакс предизвикаа инциденти фрлајќи на теренот безброј факели и димни бомби.

Фудбалската федерација на Холандија соопшти вечерва дека натпреварот ќе продолжи в среда од 14 часот без навивачи на трибините, а дуелот меѓу Ајакс и Волендам, кој требаше да се одигра в среда, е одложен.

Ајакс најави дека ќе вложи жалбата на ваквата одлука, настојувајќи прекинатиот натпревар против Феенорд да биде закажан за почетокот на ноември, поради згуснатиот распоред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем завршува совршено лето, уште еден Бразилец за разорниот тим на Де Зерби!

Никој не е толку активен на почетокот од летото како – Тотенхем, бидејќи следната ре…