
Фановите во Англија ќе можат да се вратат на стадионите од 17-ти мај, ако сите неопходни услови се обезбедени, објави премиерот Борис Џонсон.
Максималниот број на навивачи кои можат да присуствуваат на еден натпревар е 10.000 или ¼ од капацитетот на стадионот. Кај помалите стадиони лимитот ќе биде 4.000 или една половина од капацитетот.
Тоа значи дека во натпреварите од Премиер лигата фановите ќе можат да се вратат во последното коло, кое на програмата е на 23 мај. На 21 јуни предвидено е уште поголемо опуштање на мерките.
Ова значително г и зголемува шансите Британија да ги организира сите натпревари од Европскто првенство кое ќе се игра во јуни.