Дома Фудбал Позната причинта поради која не биле пресметани гласовите на Салах за најдобар играч на светот

Позната причинта поради која не биле пресметани гласовите на Салах за најдобар играч на светот

Мохамед Салах нервозно реагираше откако во изборот за најдобар играч на светот според ФИФА немал гласови од Египет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


ФИФА објасни зошто на Салах не му биле пресметани некои гласови за наградата, а причината е бизарна.

Фудбалерот на Ливерпул не влегол во топ три, а номинациите кои ги добил од селекторот и капитенот на Египет не биле пресметани.

После тоа играчот на Ливерпул на своите профили објави фотографија со опис: „Колку и да се обидуваат да ја променат мојата љубов кон Египет, нема да успеат.“

Реагираше и ФИФА која даде образложение зошто не ги пресметале гласовите за Салах.

„Кога ги прегледувавме примените гласови од египетскиот сојуз на 15. август, беше видливо дека потписите на гласачките листови беа напишани со големи штампани букви и поради тоа не се сметаат за валидни. Исто така, формуларите не ги потпишал ниту генералниот секретар, што е задолжително.“ – стои во соопштението од ФИФА.

Од ФИФА велат дека бил контактира и претседателот на сојузот за да се реши тој проблем, но одговор во предвидениот рок не бил добиен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразил се намачи против Јапонија, но се пласираше во осминафиналето

Петкратниот светски шампион Бразил е вториот тим што се пласираше во осминафиналето на Све…