Дома Останати Кошарка Евробаскет Подобри од Цедевита за шампионски трофеј: Трет пехар за Црвена Ѕвезда во АБА лигата

Подобри од Цедевита за шампионски трофеј: Трет пехар за Црвена Ѕвезда во АБА лигата

Кошаркарите на белградска Црвена Звезда и по третпат во низа ја освоија шампионската титула во регионалната АБА лига.

„Црвено-белите“ го добија и третиот меч од финалето во регионалното натпреварување, откако вечерва во Загреб ја победија Цедевита со 77-61.

Томсон со 14 поени беше најефикасниот играч во победничката екипа за која Симоновиќ постигна 13, а Волтерс 11 поени.

Со освојувањето на шампионскиот трофеј во АБА лигата, Црвена Звезда и следната сезона ќе игра во елитната Евролига, додека Цедевита заедно со полуфиналистите Будуќност и Партизан се стекнаа со право за настап во Еврокупот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Црвена Звезда ја совлада Ефес за прва победа во Евролигата

Црвена Звезда ја победи Ефес со 77:72 во Евролигата, обезбедувајќи ја првата победа оваа с…