Дома Фудбал Погледнете ја бомбата од 30 метри со која Американецот го совлада легендарниот голман

Погледнете ја бомбата од 30 метри со која Американецот го совлада легендарниот голман

Синоќа се одигра финалето на Лигата на нации во КОНКАКАФ. Фудбалерите на САД во последната пресметка како домаќини во Тексас ги совладаа Мексиканците со резултат 2:0 и ја освоија титулата за најдобар тим во Северна и Централна Америка и на Карибите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Решавачките голови ги постигнаа играчите од средниот ред Тајлер Адамс и Џовани Рејна.

Посебно спектакуларен беше голот на Адамс, членот на англискиот Борнмаут. Во 45. минута, шутираше од речиси 30 метри, а поради моќта и прецизноста на ударот, дури и легендарниот Гиљермо Очоа беше немоќен во голот на Мексико.

Во 63. минута играчот на Борусија Дортмунд Рејна го реши прашањето за победникот. Американскиот репрезентативец со аргентински корени погоди од одбиена топка по одличниот продор на Кристијан Пулишиќ.

Голот на Адамс погледнете го ТУКА

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …