Валенсија и регионот се погодени од страшни поплави кои досега однесоа и над 70 човечки животи, па така спортот е ставен во втор план.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Вчерашните натпревари на сите клубови од Валенсија беа одложени и засега е неизвесно дали Валенсија ќе игра против Реал Мадрид во саботниот дуел.
Тој натпревар треба да се одигра на култната „Местаља“ која во овие тешки моменти има сосема поинаква намена.
Имено, стадионот на Валенсија е претворен во складиште за храна и помош за погодените од природната катастрофа која е најголема во овој град во последните четири децении.