Дома Фудбал Англија Погба: Тешко е да почнеме одново, ги допревме ѕвездите

Погба: Тешко е да почнеме одново, ги допревме ѕвездите

0

Французинот Пол Погба не игра во најдобра форма и често пати се наоѓа на мета на критики на спортската јавност, дека не го прикажува најдоброто свесен е самиот фудбалер.

Погба често пати се поврзува и со заминување од Манчестер, а дали најавите на островските медиуми има вистина ќе покаже времето. Она што во овој момент ги загрижува навивачите на Јунајтед е нивото на кое игра тимот.

Погба смета дека проблемот кај него е поради недостатокот на концентрација после Мундијалот на кој стана светски шампион со „Триколорите“,

„Тешко да се сконцентрираме, да почнеме одново после се бидејќи ги допревме ѕвездите. Тоа е најважниот трофеј кој може да се освои во фудбалот. Сепак сакам предизвици. На пример, никогаш не сум ја освоил Премиер лигата, а би сакал и тоа е мојата цел“, изјави Погба.


Следете го Sportski.mk и на


Со оглед на формата која играат оваа сезона „ѓаволите“ (исклучок е второто полувреме против Њукасл), тешко дека оваа сезона ќе ја оствари целта.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Венгер до Зидан: Ако сакаш да работиш на највисоко ниво оди во Премиер лигата

Oва лето Зинедин Зидан го шокираше фудбалскиот свет кога после освојувањето на третата тит…