Дома Фудбал Останато Погба раскажува лично искуство: Го подарив дресот на навивач кој расистички ме навредуваше

Погба раскажува лично искуство: Го подарив дресот на навивач кој расистички ме навредуваше

0

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед и Франција, Пол Погба даде интересно интервју во кое зборуваше за расизмот на трибините и ширум Европа.

Погба во интервјуто раскажа за ситуацијата од времето кога бил играч на Јувентус.

„Да имав искуство со расизмот. Тажно е да се види било каде, па така и на терените. Кога навивачите кои навредуваат навиваат за екипи во кои има играчи со темна боја на кожата е уште потажно. Таквите луѓе не го почитуваат ниту играчот, ниту тимот. Незнам што точно е во нивните глави, дали се расисти или само се бесни затоа што сакаат да играш подобро. Гледам и слушам многу, но сето тоа можам само да се насмеам“, изјави Погба, а потоа го расакажа неговото искуство.

„Игравме против Фиорентина и влегов од клупата за резерви кога некој започна да прави гестикулации на мајмун. Го прашав зошто го прави тоа. После натпреварот му го дадов мојот дрес и сите беа среќни и аплаудираа. Се обидувам да им објаснам на луѓето дека во спортот треба да се ужива. Разбирам дека сакате вашиот тим да победи, но има и други начини“, раскажа Французинот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винстент Компани ја спасува кариерата на швалерот на Карлеуша

Босанскиот фудбалер Огнен Врањеш кој го привлече вниманието на јавноста со скандалот со фо…