Дома Фудбал Италија Погба пресреќен: Се вратив за заедно да освојуваме трофеи!

Погба пресреќен: Се вратив за заедно да освојуваме трофеи!

Пол Погба се врати во Јувентус шест години после трансферот во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра.

Французинот во Торино го играше најдобриот фудбал, а во Јунајтед не беше многу среќен и не успеа да ја врати формата од Јувентус. Денес беше и официјално потврдено дека тој ќе биде новата „10-ка“ после заминувањето на Паоло Дибала.

Порака до навивачите испрати и самиот Погба кој истакна дека сака да освојува трофеи и затоа е вратен.

„Повторно сум назад и сум многу среќен. Не можам да дочекам да започам и да освојуваме трофеи. Сите заедно ќе се видиме на теренот и на стадионот. Форца Јувентус!“, гласи пораката на Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шкендија и по пет кола остана перфектна (Видео)

Шкендија продолжува со перфектниот старт во новата сезона во ПМФЛ. Тетовскиот состав денес…