Ситуацијата во која Роман Абрамович мора да го продаде Челзи предизвика огромна заинтересираност кај бизнисмените кои можат да си дозволат гигант како премиерлиашот.
Англиските медиуми пренесуваат дека преку 200 лица покажале интерес за Челзи, меѓутоа не е познато колку сите од нив се сериозни. Сите кои што сакаат да го купат Челзи ќе мораат до крајот на неделата да достават понуда и покажат гаранции дека имаат средства да управуваат со клубот.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Вчера се појави информација дека „Сауди Медиа Груп“ од Саудиска Арабија доставила понуда од 2.7 милијарди фунти, а како еден од главните кандидати за наследник на Абрамович се посочува Ник Кенеди.
Бизнисменот кој е и навивач на Челзи креирал конзорциум инвеститори и наводно ги обезбедил потребните средства и ќе испрати официјална понуда.