Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкупи падна во Кратово и ја остави Струга лидер! 🎥

ПМФЛ: Шкупи падна во Кратово и ја остави Струга лидер! 🎥

Шкупи имаше шанса да го преземе врвот на табелата со денешен триумф во Кратово, но шансата чаирчани не ја искористија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фаворитот во Кратово кај Силекс гостуваше со амбиција да победи и да ја симне Струга која вчера од врвот на табелата, но на крајот беа поразени со 2:1. Натпреварот беше отворен уште во четвртата минута со вистинско ремек дело на Србинот Милосављевиќ.

По половина час Силекс дојде и до 2:0. Во листата на стрелци се запиша екс-напаѓачот на Шкупи, Марко Ѓорѓиевски. Се обиде Шкупи во вториот дел да дојде до пресврт, но успеа само да постигне еден гол преку Данфа за ублажување на поразот.

Струга така и со три нерешени во низа останува лидер со 39 бода и два повеќе од Шкупи. Шкендија е трета со 31, Силекс петти со 26.

Во останатите натпревари минималнји победи забележаа Шкендија против Победа и Брегалница против Работнички, додека Скопје и Тиквеш одиграа без голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…