Поранешниот шампион на Македонија, Шкендија славеше победа против Македонија Ѓорче Петров со 3:1 на отварањето на 30-тото коло во Првата лига.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со овој триумд Шкендија се доближи до еден бод од Струга со натпревар повеќе. Победата беше најавена уште во 8-та минута кога Наско Милев го отвори резултатот. По нешто повеќе од половина час игра Ерландо Чинари зголеми на 2:0.
Четири минути по голот на Шкендија, Фазли ги врати во игра „лавовите“ намалувајќи на 2:1. Во второто полувреме Кристијан Стојкоски пропушти голема прилика за израмнување, па конечните 3:1 ги постави Флорент Рамадани.