Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ судиска анализа: Оштетени Работнички и Силекс!

ПМФЛ судиска анализа: Оштетени Работнички и Силекс!

На натпреварот  Фк.Гостивар-Фк.Силексодигран на 02.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од минута.

“Главенсудија: Димитар Пилешков. Помошни судии: Христијан Џонов и Роберт Црвенов.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


45+2 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА И СОРАБОТКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (За доделен втор жолт- ЦРВЕН картон за гостински играч)

Играч од екипата на домакините на 25 метри од својот гол сакајки да додаде топка до свој соиграч погреши во додавањето, топката ја зема играч од гостинската екипа и кога беше во ветувачка акција (малку странично и понапред од него се наоѓаше противнички играч) над него (на нога) стартуваше со лизгачки старт противнички играч и направи прекршок.

Погрешна одлука и соработка помеѓу главниот судија и вториот помошен судија, главниот судија играта ја прекина, досуди индиректен слободен удар за домашната екипа и додели жолт картон за гостинскиот играч поради симулација. Во оваа ситуација требаше да се досуди слободен удар за гостинската екипа и да се додели жолт картон за играчот на домакините поради недозволен старт и спречување ветувачка акција.

 Главниот судија е далеку од ситуацијата и нема добра и јасна прегледност, исто така и вториот помошен судија му ја потврдува погрешната одлука иако е одлично поставен и има чиста прегедност на целата ситуација.

На натпреварот Фк.А.П. Брера– Фк.Работнички одигран на 02.09.2023 година, анализирана е ситуацијата од 74 минута.

“Главенсудија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Даниел Василевски и Бранко Путилин.

74 минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ  ПОМОШЕН СУДИЈА ( За досудена офсајд позиција за гостинската екипа- напаѓач од гостинската екипа се наоѓа во очигледна шанса за гол)

Играч од гостите додаде топка до свој соиграч кој се наоѓаше пред 16-сетникот на домашната екипа, во моментот на додавањето на топката играчот на гостинската екипа се наоѓаше во дозволена позиција, односно предпоследниот играч од одбраната на домашната екипа закасни со правење офсајд замка, играчот на гостите ја прими топката и кога излезе во очигледна шанса за гол, вториот помошен судија го подигна знаменцето сигнализирајки офсајд позиција.

Погрешна одлука на вториот помошен судија што досуди офсајд позиција и ја прекина очигледната шанса за гол на гостите, бидејки играчот на гостите во моментот кога му беше додадена топката од својот соиграч се наоѓаше во дозволена позиција (предпоследниот играч од екипата на домакините закасни со правење офсајд замка).

Комплетната анализа на останатите натпревари од ПМФЛ и оние од ВМФЛ, можете да ја погледнете – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…