Дома Фудбал Останато Платини: ВАР е едно убаво гом*о

Платини: ВАР е едно убаво гом*о

Поранешниот француски фудбалер, но и поранешен претседател на УЕФА, Мишел Платини гостуваше на италијанската национална телевизија (РАИ 2).

Во текот на своето гостување Платини зборовуаше за состојбата во светскиот фудбал, актуелните случувања и ВАР. Поточно го критикуваше влегувањето на технологијата во фудбалот.

„Би ми требало половина час да објаснам зошто не ги решава проблемите. Јас сум против ВАР, за мене тоа е едно убаво гом*о“, порача Платини.

На Платини неодамна му истече суспензијата и забраната за извршување било каква функција во фудбалот која ја доби поради обвинувањата за вмешаност во корупција.

„Во ФИФА не ме сакаа на местото претседател затоа што јас го бранев фудбалот. Јас бев единствениот поранешен фудбалер кој стана претседател“, истакна Платини и не ја исклучува можноста да се врати во фудбалот.

„Имам 64 години и се уште имам време за една, послдна авантура. Не сакам да направам грешка и морам добро да размислам. Ќе истакнам само дека немам никаков контакт со актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино“, заврши Платини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ибрахимовиќ за однесувањето на Де Пол кон Левандовски: Јас ќе го нокаутирав со глава!

Возбудлива беше средбата во MLS помеѓу Чикаго Фајр и Интер Мајами, каде што своите сили ги…