Дома Фудбал Пирло: Јувентус оваа сезона изгуби премногу бодови на сличен начин

Пирло: Јувентус оваа сезона изгуби премногу бодови на сличен начин

На Јувентус со Пирло сезонава не му оди, Скудетото е далеку, а клубот до крајот на сезоната го чека борба за место помеѓу најдобрите четири и пласман во Лигата на шампионите.

Вчера во градското дерби Јувентус одигра 2:2 со Торино, нормално Пирло не беше задоволен.

„Натпреварот добро започнавме. Го отворивме резултатот што е најтешко против екипи кои се ориентирани на одбраната. Самите си направивме проблеми. Очекувавме во второто полувреме работите да бидат поинакви, но ги повторивме грешките. И против Лацио направивме слична грешка, често ја губиме концентрацијата“.

„Фудбалерите на теренот ниту на секунда не смеат да ја изгубат концентрацијата затоа што тогаш ја губат и топката. Тешко се наоѓа слободен простор против екипи кои се бранат. Изгубивме многу бодови оваа сезона“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…