Во финалето на италијанскиот куп вечерва ќе се сретнат Јувентус и Аталанта.
Пред овој натпревар на прес-конференцијата за медиумите зборуваше тренерот на Јувентус Андреа Пирло кој веројатно ги минува последните денови како тренер на Јувентус.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Во таа прилика Пирло испрати и мала провокација до Гасперини.
„Имав среќа да играм во две финалиња во првата сезона (претходно Јувентус го освои италијанскиот Суперкуп). За Гасперини ова е второ финале во кариерата. Имаме различни патишта, различни тренери сме и личности. Ја водеше Аталанта во Лигатан а шампионите и тој успех го ценеше цела Европа. Јас само што го започнувам мојот пат“, изјави Пирло.
Финалето Јувентус и Аталанта го играат вечерва од 21:00 часот.