Дома Фудбал Пирло оди во клубот на неговиот поранешен соиграч?

Пирло оди во клубот на неговиот поранешен соиграч?

Легендарниот Андреа Пирло наскоро би можел да пронајде нов клуб.

Имено, Пирло доби повик да ја преземе португалска Бенфика. Пирло остана без работа откако беше сменет во Јувентус минатата сезона, а во последните месеци се поврзува со бројни клубови.

До договор не дојде, а Пирло бил контактирал од неговиот поранешен соиграч, денес претседател на Бенфика, Руи Коста.

Бенфика е на третото место во португалското првенство, додека во Лигата на шампионите ќе игра против Ајакс. Челниците на клубот не се задоволни многу од настапите на тимот во првенството и позицијата на Жорге Жесус не е сигурна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Амити со два гола ја предводеше Македонија У15 до стартни 4:1 во Баку

Македонската селекција до 15 години ја совлада Панама на почетокот од турнирот во формат 7…