Дома Фудбал Пирло доби ултиматум, му се заканува отказ

Пирло доби ултиматум, му се заканува отказ

Андреа Пирло има ултиматум да победи во градското дерби против Торино и против Наполи за да ја зачува работата во Јувентус.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека ако Јувентус не победи во следните два натпревари, Пирло сигурно ќе добие отказ.

После шокантниот пораз од Беневенто „бјанконерите“ заостануваат 10 бода зад лидерот Интер, а беа елиминирани од Порто во Лигата на шампиони.

Атмосферата во клубот е наружена, па претседателот Ањели веќе сериозно размислува за тренерска смена.

Сепак, Пирло добил шанса со победа во следните два натпревари да го спаси своето тренерско столче.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Звезда по 13 години на „Омладински“: ОФК Београд пет кола чека победа

Лидерот во српската Суперлига гостува кај ОФК Београд во недела од 16 часот, со директен п…