Дома Фудбал Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото

Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли го посочи фаворитот за титулата во Серија А оваа сезона.

Милан одлично ја отвори сезоната и во моментов го дели првото место на табелата со Интер, но Пиоли смета дека Јувентус е фаворит за Скудетото.

„Конкурираме со многу силни тимови и раните натпревари против Рома и Интер не научија многу. Ние сме Милан и критиките после поразот во дербито се нормална работа. Ние треба да се насочиме кон добрата игра и резултатите во првенството и ЛШ“, изјави Пиоли.

„На крајот на мај ќе видеме кој бил најдобриот. Четири тима се борат за Скудетото, а според мене Јувентус е фаворит. Тие не играат во Европа оваа сезона и тоа долгорочно секогаш ти носи неколку бодови плус“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гол за 13 секунди и 31 победа во низа: Звезда не запира во Купот!

Црвена звезда го совлада Единство од Уб со 5:1, а Мирко Иваниќ го постигна најбрзиот гол в…