Дома Фудбал Италија Пиоли убеден дека Леао ќе го продолжи договорот со Милан

Пиоли убеден дека Леао ќе го продолжи договорот со Милан

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е убеден дека најголемата ѕвезда на тимот, Рафаел Леао ќе го обнови договорот со клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот напаѓач се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа, па има голем интерес за него од европските гиганти.

„Две работи се сигурни. Прво, дека Леао се чуствува одлично во Милан бидејќи јас го гледам тоа и често зборуваме, а второ, раководсвото прави се за да постигне договор со неговиот агент“.

„Искрено очекувам добри вести наскоро. Верувам дека неговиот пат во Милан се уште не е завршен. Се гледа дека му е добро во Милан“, изјави Пиоли.

Леао оваа сезона игра одлично и има 6 гола и 5 асистенции на 14 меча во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бивша ѕвезда на Реал преживеа голема драма: Катастрофата беше избегната „за влакно“

Хамес Родригез доживеа големо непријатно искуство при патување кон Милано. Според шпанскио…