Дома Фудбал Италија Пиоли: Треба да почнеме од почеток, и тоа веднаш

Пиоли: Треба да почнеме од почеток, и тоа веднаш

Тренерот  на Милан, Стефано Пиоли ја коментираше слабата форма на тимот во последно време.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Утре Милан ја пречекува Црвена Звезда во реванпот во Лига Европа, откако во првиот меч одиграа 2:2.

„Слаба форма? Имавме тежок пат додека стигнавме до тука, па тоа е нормално. Сега ни претстои утрешниот предизвик и мислам дека имаме добар резултат од првиот меч. Сепак, треба да покажеме квалитет за да се пласираме во следната фаза“, изјави Пиоли.

„Имаме голема желба да се рестартираме и сакаме да го направиме тоа уште утре. Свесни сме за нашиот квалитет, но мал пад на формата е нормален. Сакаме да играме одличен фудбал и да остваруваме резултат. Ги анализиравме изминатите натпревари и го знаеме грешките“, додаде Пиоли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…